Абитебул: Сите ќе бидат изненадени од Рено 2018
Францускиот производител и фабрички Формула 1 тим Рено, има намера да ги изненади сите со својот пакет следната година. Тоа го тврди шефот на тимот, Сирил Абитебул, откако откри дека веќе почнале да работат на новиот болид.
Важно е да одиме чекор по чекор. Согласно нашиот план, мораме да почнеме да се бориме за подиуми следната сезона. Знаеме дека разликата во моментов е голема, но сите работиме ден и ноќ за да се приближиме до оние пред нас. Искрено болидот за 2018 година ќе биде прв кој ќе биде создаден со новите ресурси кои ги имаме, затоа што сегашниов е создаден со користење на некои емитации и преправки. Веќе почнавме да работиме на болидот за следната година и мислам дека сите ќе бидат изненадени од она што ќе го видат – изјави Сирил Абитебул.