Из архива · Гонки и результаты

Алисон: Задоволство е да се работи покрај Хамилтон

· НАЈНОВИ СТАТИИ

Алисон: Задоволство е да се работи покрај Хамилтон

Привршувајќи ја својата прва година како Технички шеф на Мерцедес, Џејмс Алисон потенцира дека е задоволство да се работи покрај Луис Хамилтон, како на патеката, така и надвор од неа. Британецот потпиша за Мерцедес откако лани летото се раздели од Скудерија Ферари проади семејни причини и смета дека одлуката која тогаш ја донел била исправна.

Задоволство ми е што се приклучив на Мерцедес лани од многу причини, но една е можноста да работам покрај Луис. Мислам дека дотогаш само еднаш му имам кажано “здраво“, но искуството да се работи крај него е многу поразлично од тоа што го замислував дека ќе биде. Најдов возач кој е совршен, а сите ние можеме да го видиме тоа од неговата статистика и од начинот на кој работи. Но, тоа што беше особено добро е што тој се однесува на начин на кој прави да се чувствувате одлично да рабтите со него. Прекрасно е што дојдов во Мерцедес – објасни Алисон.

Алисон е во тркачката серија 30-тина години откако прво работно место му беше тимот на Бенетон во 1990 година. Одтогаш има работено со возачи од типот на Себастијан Ветел и Луис Хамилтон.

Многу често ме прашуваат да направам компарација и фрустриран сум поради тоа затоа што не е возможно да се одговори на тоа прашање. Единствен начин да се дознае тоа е да ги наредите и да им дадете иста опрема исти ден и така да ги пуштите да се борат за титула. Се што можам да кажам е дека сите имаат многу победи и достигнувања не поради среќа туку поради вештините и возењето – заврши Џејмс.