Из архива · Гонки и результаты

Алонсо го пофали боксот на Мекларен

· НАЈНОВИ СТАТИИ

Алонсо го пофали боксот на Мекларен

Фернандо Алонсо беше полн со пофалби кон своите механичари во боксот, завршувајќи го Унгарското Гранд При на 8 позиција по трет пат во четири трки. По серија на сериозни комуникации преку тимското радио во саботните квалификации, Алонсо, кој го славеше својот 37ми роденден на денот на трката и неговиот тим повторно најдоа согласност за финиш на 8 место од 11 стартна позиција.

Долги први стинтови за двајцата возачи на Мекларен им помогнаа да бидат конкурентни, а Алонсо веднаш ја пофали стратегијата која му помогна да освои значителни поени.

Да, дефинитивно, уживав и ова е среќна Недела и роденден за мене. Повторно, имавме проблеми во Сабота, дури и со променливите услови, но во Недела стигнавме до добар резултат и дополнителни поени за екипата. Бевме во силна позиција, заедно со Стофел, двоен број на поени за Мекларен, но за жал тој имаше проблем со менувачката кутија. Сепак, мислам дека беше добар и среќен ден, особено за стратегијата. Луѓето во боксот завршија одлична работа денес, со долгиот прв стинт – изјави Алонсо.

Повеќето возачи ќе имаат можност целосно да ја искористат летната пауза, но тоа не е случај со Алонсо кој ќе треба да ги изврши своите должности кон Тојота во Светското Првенство на Издржливост.

Сепак ќе имам цели две недели одмор. Незнам што ќе правам во тие две недели, но да, одвај чекам на трката 6 Часа во Силверстон. Патеката е одлична, а со ЛМП1 автомобил, ќе биде прилично добро – додаде Алонсо.