Алонсо го сака предизвикот од Мексико
Фернандо Алонсо очекува голем предизвик во Мексико Сити затоа што ќе се соочи со казна на гридот поради повторна промена на неговиот агрегат, а по проблемите со кои се соочи во Америка.
Шпанецот се повлече од трката во Остин додека се возеше на 7мо место и повторно моторот беше виновникот.
Секако дека претстојниот викенд ќе биде голем предизвик за нас и очекувам да почнам од последниот ред поради проблемот со моторот кој го имавме на претходната трка. На оваа патека често има доста гужва што го прави претекнувањето доста тешко. Но, позитивно е што тестиравме доста компоненти во Петок во Америка со кои бевме многу, многу задоволни и се надеваме дека ќе ги користиме во Мексико – објасни шпанскиот возач.
Веројатно дека последната спецификација на мотор од Хонда, која Стофел Вандорн ја доби во Петокот во Остин, за време на Мексиканското Гранд При ќе ја добие и Алонсо.
Сигурно добиваме казна во Мексико и поради тоа добро е да донесеме целосно нов мотор на трката. Важно е да се тркаме во Мексико и да ги имаме во мислите сите несреќно настрадани луѓе во скорешниот земјотрес и да им покажеме колку многу ги поддржуваме во овие тешки времиња за нив. Начинот на кој мексиканците ни посакуваат добредојде е еден од најдобрите во светот, навистина се чувствува топлината на фановите крај патеката особено во делот кај арената поддршката е неверојатна. За мене е добро што пристигнувам, се сместувам во хотел и одам до патеката се на мојот мајчин јазик. Го сакам Мексико и го сакам народот и се надевав дека ќе приредиме шоу какво што заслужуваат – заврши Нандо.