Алонсо оди на поени и покрај казната
Фернандо Алонсо вели дека Мекларен Хонда имаат за цел да бидат со 2та болиди во поени и покрај тоа што тој ќе добие казна од 30 позиции на стартот поради промена на моторот. Ова е 2ра ваква казна за шпанецот кој имаше и 60 позиции “рикверц“ и на Спа-Франкошамп.
Подготвени сме за казната затоа што имавме план за носење нови спецификации на мотор на средина на сезоната. На првата трка во Австралија загубив еден мотор во сударот, така што на 2та трка веќе го користев мојот втор мотор и свесни бевме дека казните ќе дојдат.Одлично место за отслужување на казна беше Спа поради условите и поради дотрајаноста на нашиот тогашен мтор. Второ најдобро место е Малезија затоа што времето е многу битен фактор на оваа трка и поради тоа што Јапонија е наша следна трка, домашна трка каде сакаме да бидеме добри во однос на издржливоста – објасни Фернандо.
И покрај тоа што ќе стартува од последниот ред, слично на Спа, тој сака пласман во поени по 7то место кое го освои на Белгиското ГП.
Тргнав последен во Спа, но по неколку инциденти се возев на 4то или 5то место, така што никогаш не се знае. Оптимитсти сме дека можеме да бидеме во поени и тоа е нашата цел за 2та болиди.