Алонсо смета дека Мекларен се подготвени
Фернандо Алонсо се чувствува подготвено за новата сезона во Формула 1 и би можел уште следниот ден да се трка, иако поголемиот дел од неговите тестови беа загубени поради истекување на масло од неговиот Мекларен.
Двократниот шампион комплетираше 46 кругови пред да се појави истекувањето, поради што мораше да застане на патеката. Механичарите на Мекларен поради проблемот го променија агрегатот во болидот. Алонсо се врати на патеката дури шест часа подоцна, иако начелно промената требаше да трае само 3 часа.
Нандо не дава премногу значење на изгубеното време и смета дека неговиот тим е целосно подготвен за првата трка од 2018 година.
Ќе бидам во болидот во Петок, ќе возам, се надевам дека ќе дознаеме повеќе нови детали за болидот, но доколку трката во Австралија беше закажана за изутрина, јас сум ОК со тоа. Последниот ден ќе ни треба да изведеме долги стинтови, да провериме неколку работи и тоа е се. Но во однос на фундаментални одговори кои ни беа потребни, се е во најдобар ред и ги имаме сите на располагање, така што не ми треба уште еден ден од тестирање – изјави Алонсо.
Алонсо признава дека треба да изведе долг стинг во Барселона, но задоволен е со прогресот кој што го постигнал Мекларен од почетокот на новото партнерство со Рено.
Сите важни работи од нашата програма успеавме да ги изведеме, така што ни остануваат само долги стинтови. Не сум премногу загрижен од изгубеното време – додаде Алонсо.