Из архива · Гонки и результаты

Алонсо со пол позиција на Ле Ман

· НАЈНОВИ СТАТИИ

Алонсо со пол позиција на Ле Ман

Фантастичниот круг на Казуки Накаџима на почетокто на квалификациите му ја донесоа на Тојота Газоо Рејсинг ЛМП1 автомобилот со број 8 пол позицијата за утрешната трка 24 часа Ле Ман. Накаџима го вози тој автомобил заедно со Фернандо Алонсо и Себастиен Буеми. Тие јаимаа и провизорната пол позиција по сесијата во среда, но Накаџима најде дополнителни две секунди во Четврток, но и покрај тоа, кругот е половина секунда од рекордот на ланските квалификации од страна на Камуи Кобајаши.

Казуки иаше неверојатен круг вчера, даде се од себе и испорача фантасично време. Честитки до него – радосен беше Алонсо.

Времето на автомобилот број 8 беше за две секундди побрзо од најдоброто од нивните колеги во ЛМП1 број 7 каде возат Камуи кобајаши, Мајк Конвеј и Хозе Мариа Лопез.

Добро е за нас. Имаме 1-2 викендов. Каков добар почеток, иако знаеме дека ова се само подготовки за трката и дека следуваат долги 24 часа пред нас, но засега немаме никакви проблеим и се чувствуваме подготвени – дополни Нандо.