Алонсо ја напушта Ф1?
Фернандо Алонсо изјави дека правилата за 2021 година нема да влијаат на неговата иднина.
Двократниот шампион беше двосмислен во неговата реакција за планираната промена кон 18 инчни тркала и забрана на греачи како дел од големата промена за 2021 години, и изјави дека е незадоволен од моменталните правила и влажниот трет тренинг каде немаше акција.
Повеќето возачи не се одлучија да возат на последниот тренинг на Хокенхајм за да зачуваат гуми за квалификации и трка бидејќи нема дополнителни гуми за остатокот од викендот.
Нема да бидам тука во 2021. Ќе седам дома и ќе гледам Тур д Франс или други работи. За мене е најважно да се реши проблемот како ова утро. Ова се случи во Франција и сега пак. Кога врне на третиот тренинг, 50000 навивачи седат на трибините и ништо не се случува зошто нема дополнителен сет гуми. Гумите се оние што се користат за квалификации и трка и во случај на влажни квалификации или трка треба да чувате гуми. Имаме 50000 на патеката и уште милион пред малите екрани и ништо не се случува. Мислам дека треба да се поправат работите пред новите правила.
Иднината на Алонсо не е сигурна бидејќи неговиот договор истекува оваа сезона и тој би можел да замине во ИндиКар наредната година. Се верува дека во моменталниот договор на Алонсо има опција и за наредната година но тој потврди дека одлука за неговата иднина ќе донесе по летната пауза.