Формула 1

Ферари најавуваат брзо решавање на проблемите

ViajesZeta

Ферари очекуваат брзо да ги решат проблемите со својот болид штом го дознаат проблемот кој ги мачел на последната трка крај Барселона.

Петтата загубена трка од Мерцедес сезонава дополнително ги откри слабостите на СФ90 болидот од Маранело кој 5ти пат сезонава губи 1-2 од “сребрените стрели“ од Бракли. Италијанците во Шпанија донесоа нов мотор и нови аеродинамички подобрувања, но успејаа да го искористат целиот потенцијал кој го покажаа само во ретки моменти сезонава.

Запрашан дали проблемите со кои се судрија во Барселона се различни од првите трки, шефот Матиа Биното изјави:

ограничувањата кои ги имаме во моментов беа присутни уште од првата трка. мислам дека целиот викенд беше видливо, а слабите страни беа веднаш видливи. колку долго ќе ни треба да најдеме одговор не знам, но во моментов сметам дека е најважно да влеземе во суштината на проблемот, а потоа ќе го решиме брзо – смета биното.

Биното смета дека новините кои до сега ги претставиле работат согласно очекувањата, по што ги негираше шпекулациите дека постојат механички ограничувања на нивниот болид кои ги ограничуцаат перформансите на пакетот. Неколку екипи веќе изјавија дека се мачат да ги оптимизираат гумите на Пирели, а Макс Верстапен откри дека Мередес се единствени кои “ги владеат“ пневматиците.

гумите се тешки за менаџирање, тоа е вистина, но тие се и важен и клучен факор за перформансите и менаџирањето и оптимизирањето на целиот болид и перформансите.

гумите годинава се однесуваат поразлично од лани и морам да кажам дека од гледан точка на пирели, тие ги постигнаа своите цели затоа што нема повеќе меури кои беа безбедносен проблем лани.

но раазбирањето и оптимизирање на перформансите се дел од нашата работа и не е лесно како што некои мислат затоа што секоја патека е засебна. викендов имавме различни ситуации, температурата беше различна од утрото до пладнето и тоа се дел од податоците кои треба да ги разбереме.

КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.

Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]

Seguir leyendo