Формула 1

Хамилтон најдобар и според тимските шефови

ViajesZeta

Луис Хамилтон беше избран за најдобар возач според тимските шефови во годишното гласање организирано од италијански Autosport.

Традиционално, по крајот на сезоната, Autosport спроведе анкета во која ги прашува првите луѓе на тимовите да ги рангираат 10те најдобри возачи согласно нивните перформанси на патеката во текот на годината. Поените се даваат како и системот на бодување во Формула 1, односно 25 – 18 – 15 – 12 – 10 – 8 – 6 – 4 – 2 – 1.

Не е изненадување што Луис Хамилто и во таа анкета излезе на прво место, а зад него беше Макс Верстапен, кој собра повеќе поени од Себастијан Фетел, а следуваше Фернандо Алонсо.

Тимските шефови кои гласаа беа Тото Волф, Кристијан Хорнер, Сирил Абитебул, Гунтер Стаинер, зек Браун, Отмар Шафнауер, Фредерик Васур, Франц Тост и Клер Вилијамс.

КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.

Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]

Seguir leyendo