Формула 1

Алонсо и Џими Џонсон ќе си ги променат возилата

ViajesZeta

Двајца многу успешни моторспорт шампиони во своите соодветни тркачки серии планираат да ги променат своите “машини“ овој месец. Фернандо Алонсо, возачот на Мекларен во Формула 1 и Џими Џонсон, Наскар возачот на Монстер Енерџи, објавија дека на 26 Ноември на патеката во Бахреин, еден ден по крајот на Формула 1 сезоната, ќе ги заменат своите возила. Во видео промовирано на социјалните медиуми, двајцата возачи го најавија овој настан.

Формула 1 кариерата на Фернандо Алонсо започна пред 17 години, на крајот на оваа ќе стави крај на истата по 2 шампионски титули и 32 поведи. Тоја има победа и во престижното Монако, а во ВЕЦ сезонат триумфираше на уште една историска патека, Ле Ман. Се тркаше и на Индијанаполис лани, но не ја заврши трката.

Според motorsport, планот е многу пообемен одошто проста замена на возилата како што последен пат во 2011 година направија Луис Хамилтон и Тони Стјуард, исто така Наскар шампион, во славниот Ваткинс Глен.

По трката во Наскар од 18 Ноември, Џонсон ќе оди во Вокинг, седиштето на Мекларен во Бриатанија каде ќе има вежби во Формула 1 симулаторот на екипата. По неколкудневен тренинг, тој ќе се приклучи на својот тим во Абу Даби.

КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.

Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]

Seguir leyendo