'Race to Immortality' - нов филм за Ферари | КРУГ.МК
Race to Immortality (Трка до бесмртност) е нов филм кои ги обработува триумфите и трагедиите на Скудерија Ферари во раните години, а судејќи по најавата, филмот ќе биде полн погодок.
Првата деката на Гранд При тркањето беше декада на несигурност. Победниците беа во сенка на оние кои не успеваа да го преживеат најопасниот Формула 1 период. Безвременската репутација на Ферари е дело на нивниот легендарен основач кој ги притискаше возачите и машините до самиот амбис.
Филмот ја раскажува приказната за љубовта и трагедијата на најодликуваните возачи на Ферарите во ера во која “животот е прекрасен“ во текот на неделата а “руски рулет“ во текот на викендот.
Иако Енцо Ферари беше главниот човек кој контролираш се, возачите Питер Колинс и Мајк Хоуторн имаат статус на легендаи.
Документарецот има архивски снимки кои нудата неверојатно доживување на една ера каде шампионите стануваа херои и на крајот трагично завршуваа.
Премиерата на филмот во Велика Британија е закажана за 3 Ноември.
