Ферари имаат отворена покана за Формула Е
Првиот човек на Формула Е, Алехандро Агаг, изјави дека постои отворена покана за Ферари да се приклучи кон електричната серија доколку италијанците го посакаат тоа во иднина.
Формула Е силно расне од своите почетоци во 2014 година, Рено, Нисан, Јагуар, Ауди и БМВ се веќе дел од серијата со свои фабрички екипи, додека Порше и Мерцедес ќе влезат догодина. Засега Ферари не покажуваат никаков инерес, но предвреме починатиот Претседател на Ферари, Серџо Маркионе, покажуваше интерес.
Агаг откри дека би му посакал добредојде на италијанскиот производител и би ги пречекал со широко отворени раце.
би сакал да дојдат ферари, особено против порше и останатите тимови на гридо. би било голема и одлична борба. да видиме, поканата е отворена.
секогаш ќе имаме трки со ултра моќни болиди кои возат многу брзо, а ферари е токму тоа. тие никогаш не би ја лимитирале својата брзина, но мораат да се адаптираат на иднината и мислам дека таа е електрична – изјави агаг за CNBC.
Алехандро се осврна и на неодамнешшните коментари на Берни Еклсон кој Формула 1 ја опиша како најдобра серија во моторспорт иднината.
секако дека берни е гениј, тој ја создаде денешната формула 1 и има огромна визија за моторспортот. штом тој каже нешто такво, тоа е огромно признание за формула е.
секако дека јас би го посакал берни како инвеститор еден ден, било кога, но во моментов не е меѓу нас. мислам дека пред формула е има рапиден раст, но реалноста е дека сме многу помали од формула 1.
КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.
Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]


