Формула 1

Де Феран: Нема паника во Индијанаполис

ViajesZeta

Спортскиот директор на Мекларен, Жил Де Феран, верува дека е најважно да се избегне паника додека тимот се обидува да го поправи болидот по излетувањето на Фернандо Алонсо на вториот тренинг на Инди 500.

Тимот изгуби многу од денот откако шпанецот имаше тежок судар и подоцна имаа проблеми со електрониката.

Да се избегне паника е најважно во овие моменти. Тоа е најважната работа со која треба да се справиме. Во вакви околности треба да сме смирени. ТОа е целата работа. Се случи. Сега имаме група на луѓе кои работат многу напорно. Ќе видиме што ќе се случи – објасни де феран.

Алонсо го следеше Греам Рахал пред да го изгуби предниот дел и да удри во бариерата и подоцна во надворешниот ѕид. Тој заврши на 29то место со просечна брзина од 362 кмч.

Целосно го изгубив предниот дел. Sидот беше преблиску и се се случи многу брзо. За несреќа се случи. Некогаш губиме време надвор од патеката. Жал ми е за тимот, но ќе научиме брзо и ќе се вратиме посилни.

Де Феран објасни дека тимот треба да одлучи дали ќе се врати на резервниот болид кој го спреми нивниот партнер Карлин.

Никогаш не сакате да се судрите ,но тоа е. Дадовме се од себе да ги спремиме двата болида до ај. Сега е потребна напорна работа за сите. Имаме јасни насоки што треба да промениме кај болидот.

КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.

Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]

Seguir leyendo