Формула 1

Ривалите на Ферари го сакаат незадоволниот Биното

ViajesZeta

Медиумите се погласно шпекулираат дека Техничкиот директор на Скудерија Ферари, Матиа биното е блиску до напуштање на Маранело. Неодамнешниот силен пад во формата на Ферари се шпекулира дека е поради интерен конфликт помеѓу тимскиот шеф Маурицио Аривабене и техничкиот шеф Матиа Биното, судир кој ескалирал и излегол од контрола.

Но, медиумтие во меѓувреме пренесоа и дека Маурицио добил продолжување на договорот со Скудерија, со што ќе остане на чело на најтрофејниот Формула 1 тим до крајот на 2021 година.

Конкурентите на Ферари не губеа време, брзо реагираа, а Мерцедес и Рено прашуваат и се интересираат за Матиа Биното – пишува фински Turun Sanomat.

Дополнително се врува и дека договорот на Биното е валиден само до крајот на оваа година.

Според извори во Италија, Биното му кажал на Главниот извршен директор на Ферари, Луи Камилиери дека во екипата ќе остане или тој или Аривабене – продолжува финскиот весник.

КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.

Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]

Seguir leyendo