Формула 1

ГОЛЕМА НАГРАДА НА КИНА | КРУГ.МК

ViajesZeta

Меѓународниот Автодром во Шангај беше дизајниран како тркачка патека за новиот милениум. Модерната патека со неверојатната архитектура ја постигна својата цел станувајќи Кинескиот влез во Формула 1 од своето деби на календарот во 2004 година.

Архитектите Херман Тилке и Петер Вал за својата креација:

Патеката долга 5,4 км има облик на кинескиот знак ‘shang’ што значи високо или одозгора.

Други симболи претставени во архитектурата, а потекнуваат од Кинеската историја се објектите на екипите кои се наредени како павилиони во езеро што е слично со античките Yuyan-Garden во Шангај. Овдека, природата и технологијата се внимателно користени за да направат хармонија помеѓу елементите.

Патеката не е само неверојатна поради менувањето на забрзувањето и забавувањето со свиоци под различен агол, таа е многу тешка за возачите и за болидите, но исто така тука се и брзите правци. Ова нуди многу можности за претекнување и овозможува напнати и интересни моторспорт настани на гледачите. Главната трибина со 29.000 седишта дава видик на речиси 80% од патеката.

Официјалниот календар на Формула 1 првенството за 2018 година. Сите тренинг сесии, квалификации и трка целосно интегрирани во вашиот личен календар според вашето локално време. Превземето го календарот преку следниот линк.

Seguir leyendo