Формула 1

ЛУИС ХАМИЛТОН | КРУГ.МК

ViajesZeta

Луис Хамилтон е роден на 7 Јануари 1985 година во Стевениџ, Хертфордшир, Англија, Велика Британија е првиот црномурест возач во Формула 1. Првото искуство со тркање го има преку натпреварување со колички на далечинско за да на 6 годишна возраст добие картинг на подарок од татко му. Кога наполнил 8 години почнал да се трка со картинзи, а на 10 години имал кнтакт со Рон Денис, чиј штетеник остана од 1998 година до 2013 година.

Во Формула 1 стигна преку различни Формула Рено и Формула 3 серии, а најголем успех му беше шампионската титула во ГП2 во 2006 година. Во најпрестижниот циркус е од 2007 година, има 167 трки зад себе, 87 подиуми, 49 пол позиции, 43 победи, 28 најбрзи кругови и 3 шампионски титули (2008, 2014 и 2015 година).

Во неговата Формула 1 кариера постоеја само 2 екипи, 6 години мина во Мекларен, а оваа ќе му биде 4та во Мерцедес. Годинава ќе ја одработи својата прва сезона од 3годишниот договор кој го врзува за Мерцедес до 2018 година за што ќе добива годишна загарантирана плата од 29 милиони евра плус бонуси од најмногу 9 милиони евра.

Seguir leyendo