Формула 1

Хорнер: Верстапен е феноменален кога “смени брзина“

ViajesZeta

Кристијан Хорнер смета дека перформансите на Макс Верстапен сезонава се феноменални, откако, како што вели тој, возачот “убацил“ во друга брзина.

На последната трка во Шпанија Макс заврши на подиум, беше 3ти, пред двата болиди на Ферари, а во моментов е и 3ти во шампионскиот поредок. 21-годишникот ја продолжува одличната серија резултати која трае од Канада лани кога ја имаше последната почетничка грешка.

минатите 12 месеци од монако лани тој како да уфрли во друга брзина и неговит еперформанси беа феноменални и извлече се од пакетот кој го има. силно се трка, интелигентен е на стартот и храбро минува. покажува зрелост и константнст во болидот – полн со пофалби за својот возач е критијан хорнер.

Хамилтон и Ботас се далеку напред на трките, но и во поредокот, што го остава Верстапен да се бори со Фетел за последното место на подиумот. Неговиот поранешен шеф, Франц Тост, смета дека доколку има подобар болид, Макс сигурно ќе нападне за титула.

свати дека не мора секогаш да оди со глава во ѕид, стигна до ниво кога се бори за победи и титули и коцките му се склопи.а покажа одлични способности за претекнување каде не се однесуваше како да му зависи животот од тоа. навистина созреа што му овозможи да се бори за многу повеќе – појасни тост.

КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.

Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]

Seguir leyendo