Формула 1

Ред Бул и Хонда со соработка и во јуниорските серии

ViajesZeta

Ред Бул и Хонда официјално ги открија своите планови поврзани со јуниорските тркачки серии следната година и потврдија трансфер на Дан Тиктум во Супер Формула и Лукас Оер како дел од тимот.

Тиктум ја заврши Европската Формула 3 серија на второ место, загуби титула од Мик Шумахер, но имаше одлична трка и победи на Гранд При Макао. Тој е моментално најталентираниот возач на програмата за млади возачи на Ред Бул кој не е во Формула 1. Се шпекулираше дека Тиктум ќе стане дела од врвот на моторспортот следната година, но губењето на титулата од Шумахер значеше дека нема доволно поени на својата суперлиценца. Така, наместо да продолжи во Формула 2 како што прават голем дел од возачите, тој ќе мине во јапонската Супер Формула.

Како што пренесува motorsport, друштво на Тиктум ќе му прави и Лукас Оер, внук на Гранд При победникот на трки, Герхард Бергер. Оер има тестови за Форс Индија и трки за Мерцедес во ДТМ серијата, но за следната година нема возачко место поради тоа што “сребрените стрели“ ја откажаа својата тјуринг програма.

Ред Бул исто така потврди дека Европскиот Формула 3 возач Јури Випс и јапонскиот Формула 4 првак, Јуки Тсуонда ќе станат дел од нивната Академија.

Випс беше поддржан од Ред Бул за време на неговиот настап во Макао и следната година ќе стане дел од Хајтек Формула 3 екипата. Тсуонда беше дел од ГП3 постсезонскиот тест и е возач поддржан од Хонда, а ќе продолжи во Јензер во Формула 3 серијата, а можно е да се појави и во Мотопарк, наследникот на ДТМ.

Сите овие трансфери на возачи кон Јапонија и тимови блиски со Хонда се праби за зголемување на соработката со јапонскиот производител чии мотори ќе ги користи Ред Бул следната сезона.

Плановите за младите Џек Дуан, Денис Хаугер, Џони Едгар и Хери Томпсон кои лани станаа дел од Академијата сеуште не се соопштени.

КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.

Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]

Seguir leyendo