Формула 1

Рено нема да ги променат целите за годинава

ViajesZeta

Фабричката екипа на Рено нема да ги промени целите за оваа сезона и покрај разочарувачкиот почеток и неубедливите први пет трки од календарот.

Цел на французите за оваа сезона е да бидат пред сите во средината и да го намалат заостатокот во однос на топ 3 тимовите, но наместо своето ланско 4то меесто, имаа две незавршени трки и во моментов се 8ми кај конструкторите.

Пред нив е голем предизвик да ја подобрат сезонава, а шефот на тимот, сирил Абитебул откри дека немаат намера да ги ревидираат своите цели.

сакаме да се вратиме на нивото на перформанси кои треба да ги имаме во овој дел од сезоната така што се држиме до нашата цел и ништо не е променето. не ги менуваме целите во моментов – најави абитебул.

На моменти нивниот РС19 болид покажа одлични перформанси, но имаа техничлки проблеми како двојното откажување во Бахреин кои многу ги чинеа. Французинот смета дека треба да вадат максимум од болидот на секоја трка, но свесен е дека сите тимови од средината имаат проблеми.

знам дека сите го сакат истото. сигурен сум дека ако хаас, торо росо и мекларен прават се совршено добро ќе бидат како нас. вистинае дека постојат мали разлики кои го прават поредокот, а наша цел е да останеме пред сите во средина на поредокот, а до сега не го правиме тоа.

краткорочна цел е да го вратиме нивото на перформанси кое е зацртано и до кое можеме да стигнеме ако правиме се како што треба на следните неколку трки – објасни сирил.

Моменталното осмо место во поредокот е подпросечно за Рено, но Сирил е охрабрен што Мекларен кои се моментално 4ти се само 10 поени пред нив, така што брзо може да стигнат.

искрено тоа не е добра вест, но борбата е целосно отворена и веројатно ќе има промени. малата разлика ќе ни даде можност да се прегрупираме, да го направиме тоа што треба, да ги решиме проблемите и да стигнеме до 4то место на кое целиме.

но, секако дека тоа не е единствена цел годинава. целта е да се намали заостатокот во однос на водечките, но во моментов не сум сигурен дка тоа се случува.

КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.

Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]

Seguir leyendo