Формула 2 со 18-инчни тркала догодина
Формула 2 ќе почне да ги користи 18-инчните тркала од следната сезона, една година пред истото да се направи и во Формула 1, каде поголемите тркала се планирани за од 2021 година.
Двете тркачки серии до сега ги користеа 13-инчните тркала, но врвот на моторспортот ќе ги користи поголемите гуми како дел од големата промена на правилата од 2021 година. Како дел од развојниот процес, јуниорската серија ќе мине на поголемите гуми година претходно.
Во италијански Муџело, Пирели веќе на големо работи со Формула 2 болид на подготовка за тоа што следи, односно големата промена.
воодушевени сме што ќе можеме да ги донесеме 18-инчните гуми на гранд при викендите уште следната година, цела сезона пред тоа да се направи во формула 1.
тој потег многу ќе ни помогне за следната генерација на формула 1 гуми за 2021 година, но ќе има голема корист и врз следната генерација формула 2 возачи кои ќе имаат порано искуство со таквиот тип гуми – појасни марио исола, првиот човек на пирели.
КРУГ.МК е портал за сите вести, информации и случувања примарно од светот на Формула 1, како и од најпопуларните моторспорт тркачки серии, вклучувајќи ги Мото ГП, Светското Првенство во Рели, Европскиот Куп на Туринг Автомобили - TCR EUROPE, Светското Првенство на Издржливост и 24 Часа Ле Ман, американските НАСКАР и ИндиКар, германската ДТМ и многу други.
Авторски права 2015 - 2019 година КРУГ.МК. Сите права се заштитени. Превземање и споделување на содржината без претходно писмено одобрување од реакцијата на КРУГ.МК за комерцијални цели е строго забрането. Доколку сте заинтересирани за соработка, испратете порака преку Контакт страната, или преку email на [email protected]
